Иако моментално очите на светот се вперени во Русија каде што се одржува Светското првенство во фудбал и тоа е најактуелна тема овој месец, сепак има и луѓе кои што не гледаат фудбал.

Поради тоа, на многумина веројатно им е досадено на News Feed да гледаат вести кои што се поврзани само со фудбал и Светското првенство. Сега, Фејсбук има нова опција која што ширум светот ќе биде овозможувана постепено, а новата опција е да направите “Snooze” на клучни зборови, како на пример „Фудбал“, „Светско првенство“ или „Кристијано Роналдо“.

Некои луѓе не сакаат да гледаат фудбал, на некои им се досадени објавите поврзани со Светското првенство, а некои не сакаат да го знаат резултатот и сакаат да ја гледаат снимката на натпреварот. Можеби „вашата репрезентација“ ќе биде елиминирана, па нема да сакате да го гледате „реметот“ на Фејсбук. Доколку сте меѓу овие луѓе, тогаш Фејсбук има решение за вас.

Новата опција им дава повеќе контрола на корисниците на тоа што го гледаат на нивниот News Feed. Доволно е да кликнете на некоја објава и да изберете “Snooze keywords in this post”. Корисниците можат да ги напишат и клучните зборови како на пример „Фудбал“, па таквите објави Фејсбук ќе ги скрие од вашиот News Feed.

Ова „криење“ на одредена објава ќе значи дека таква содржина нема да ви биде прикажувана во следните 30 дена. Доколку сакате да го исклучите тоа, едноставно само ќе треба да изберете “End Snooze” на објавата која што претходно сте избрале да биде сокриена.

Како и со сите свои опции, Фејсбук постебено оваа опција ќе им ја овозможува на корисниците, па истата ако ја немате во моментов, најверојатно ќе ја добиете за неколку дена.

Извор: Zimo.hr