До премиерата на Samsung Galaxy S10 има уште неколку месеци, но гласини за уредот не недостасуваат. Неодамна се зборуваше дека компанијата ќе го претстави уште во јануари, за да компензира со послабите продажби на Galaxy S9, а освен тоа се појави информација дека се подготвени суштински промени, бидејќи тоа ќе е јубилејното десето издание во серијата.

Во меѓувреме корисникот на Twitter „Ice Universe“, кој често споделува информации за идни уреди пушти слика на атрактивен паметен телефон со дисплеј „од крај до крај“. Таа е придружена со текст во кој зборот „beyond“ е присутен, и ова е името на кодот под кое Samsung го развива Galaxy S10.

Тоа веднаш предизвика претпоставки дека сликата покажува прототип на иден уред, иако тоа изгледа како нешто завршено, а не во процес на развој.

Се разбира, засега не е јасно дали тоа ќе биде Galaxy S10, но веќе се зборува дека компанијата сака да вгради сензор за отпечатоци на екранот и дури да го укине звучникот, бидејќи ќе користи технологија која ќе овозможи на екранот да пренесува звук.

Сето ова може да помогне за создавање на вистински дисплеј „без рамка“, но засега не знеме каква ќе биде судбината на предната камера и на очекуваните 3D сензори за препознавање на лицето.