Летачките такси одамна не се само визија, тие отвораат комплетно нови можности, посебно за транспортот на болни лица во големите градски конгломерати.

Германската влада планира во градот Инголштат да тестира летачки такси. Вчера беше потпишана намерата за проектот од страна на сојузниот министер за сообраќај, Андреас Шојер, специјалниот ополномоштеник на германската влада за дигитализација, државната министерка Доротеа Бер, градоначалникот на Илголштат, Кристијан Лезел, како и претставници на авионскиот концерн Ербас и автомобилскиот производител Ауди.

На развој на летачки такси возила работат повеќе компании во светот, меѓу нив и германски. Шојер изјави дека летачките такси одамна не се само визија, тие отвораат комплетно нови можности, посебно за транспортот на болни лица во големите градски конгломерати. Освен тоа, тие се огромна шанса за претпријатијата и стартап-фирмите. Бер истакна: „Не можеме на сите сообраќајници да изградиме шест или осум ленти, а и таквото проширување побарува огромен простор, кој и така е сѐ поскуден“. Оттаму, и летачките такси се дел од мобилитетот на иднината.