Смартфоните на Apple, iPhone X, iPhone 8 и 8 Plus се првите уреди на компанијата кои поддржуваат безжично полнење, а сега пристигнува и безжичниот полнач AirPower.

Кога Apple во септември ги претстави споменатите уреди, тогаш беше најавен и безжичниот полнач AirPower. Овој полнач е посебен по тоа што може да напојува неколку уреди одеднаш, на пример iPhone X, Apple Watch Series 3 и безжичните слушалки Airpods.

AirPower наводно првобитно требаше да се појави во продавниците овој месец, но тоа го спречија различните технички проблеми, па продажбата веројатно ќе почне во септември. Инженерите мораа да бидат сихурни дека полначот, меѓу другото, нема да се прегрева. Со AirPower ќе пристигне и куќиштето за полнење на слушалките.

Apple се уште официјално не го објави датумот на продажба на AirPower, а познато е дека слушалките AirPods и звучникот HomePod пристигнаа неколку месеци откако првобитно беа најавени.