Дека Xiaomi подготвува нова серија паметни телефони Mi 10 се знае веќе некое време. Всушност, можеше и да се претпостави дека во подготивка е десеттата серија уште во времето кога беше претставена деветтата, бидејќи поголем дел од производители на смартфони развиваат повеќе серии истовремено.

Но, првите поцелосни информации за спецификациите пристигнаа на почетокот на оваа година. Тогаш се дозна дека новата серија ќе ја покренува новиот Snapdragon 865 чипсет и дека зависно од моделот, Mi 10 и Mi 10 Pro ќе имаат по 8 и 12 GB RAM и екрани со стапка на освежување од 90 Hz.

Иако се очекуваше дека новата серија ќе биде претставена во текот на MWC 2020 саемот во Барселона, не бил познат точниот датум на претставување. Но, Xiaomi овие денови, откривајќи го тој податок откри и дека е прилично самоуверен. Имено, за датум на претставување е избран 11. февруари 2020. година, но ако датумот ви се чини познат, тоа е од причина што истиот ден Samsung ќе го одржи својот Unpacked настан, на кој ќе ги претстави новите смартфони од Galaxy S20 серијата.

На рекламниот постер Xiaomi го открива изгледот на задната страна на уредот. Видливи се четири камери, што ги потврдува информациите од почетокот на годината. Единствено останува да се види дали нивната резолуција ќе биде 108 MP, 20 MP, 12 MP и 5 MP (Mi 10), односно 108 MP, 48 MP, 12 MP и 8 MP (Mi 10 Pro).

Што се однесува до дизајнот, задната страна на куќиштето многу потсетува на концептуалниот телефон Mi Mix Alpha, со таа разлика што Mi 10 серијата нема wrap-around екран.