Motorola никогаш не го претстави смартфонот Moto Z4, но овој уред накратко се појави на Amazon, а еден корисник го купи и го рецензираше на YouTube.

За телефонот на Motorola, Moto Z4 досега читавме бројни гласини, а иако компанијата се уште официјално не го претставила овој уред, тој неодамна се најде во понудата на страниците на Amazon. Смартфонот кој официјално се уште не постои, привлече еден корисник, кој одлучи да го купи и неколку дена потоа, преку пошта навистина му пристигна Moto Z4. Корисникот на YouTube, Jetfire007 на видеосервисот објави кратка рецензија на телефонот и со тоа, пред Motorola, светот и вљубениците во мобилната технологија ги откри опциите на новиот телефон.

Новата Motorola пристигнува со голем екран со дијагонала од 6,4 инчи (се работи за OLED екран) со реолуција 2340 х 1080 пиксел, а ја покренува Snapdragon 675 и има 4 GB RAM. Значи, не се работи за флегшип модел, туку за уред од средната класа, кој има и 128 GB меморија за складирање податоци, проширлива со microSD картички и батерија со капацитет 3600 mAh.

Треба да се напомене и сензорот за отпечатоци од прсти имплементиран во екранот, предната камера сместена во мал notch во врвот на екранот, брзото полнење на батеријата и она што би можело да им биде важно на многумина – 3,5 милиметарскиот влез за слушалки. Моделот кој го купил доаѓа со некои апликации на Амазон како Alexa, и неговата цена изнесува 500 долари. Интересно, од задната страна се наоѓа само една камера од 48 MP, а не две или повеќе камери, како што сме навикнале кај модерните телефони.

Секако, кога информацијата за ненајавениот телефон се појави на интернет, веднаш реагираа и од Amazon и брзо го отстранија Moto Z4, но бидејќи видеото со рецензијата се наоѓа на YouTube, за очекување е дека Motorola брзо ќе го претстави и повторно ќе може да се купи преку интернет.