Се работи за нова генерација од серијата телефони на Motorola кои се познати по ознаката Z. 

Moto Z3 Play, како и претходните модели од Z серијата е креиран врз основа на Moto Mods концептот. Ова значи дека смартфонот ќе има поддршка за сите постоечки Moto Mods додатоци. Телефонот има алуминиумска рамка и Gorilla Glass 3 панели од предната и задната страна.

Уште на прв поглед ќе забележите дека новиот Z3 Play, за разлика од неговиот претходник Z2, има многу поатрактивен изглед и визуелно е попривлечен поради новите измени на маската на телефонот. Тој има 6,01-инчен FullHD+ AMOLED со резолуција од 2160 х 1080 пиксели и веднаш под екранот се наоѓа името на компанијата.

 

Moto Z3 Play поседува и Qualcomm Snapdragon 636 процесор, 4GB RAM и 32GB или 64GB внатрешна меморија, во зависност од верзијата која ја купувате. Тој е малку потежок од неговиот претходник, но и понатаму тежи само 156 грама.

На него се вградени две задни камери, од кои едната со 12 мегапиксели, а другата со 5 мегапиксели. Изненадувачки моќна е предната камера од 8 мегапиксели, но овојпат таа нема самостојно блиц-светло туку се служи со светлото од екранот. Тој има и страничен сензор за отпечатоци, кој станува многу важен за скоро секој производител.

Motorola Moto Z3 Play ќе биде достапен во само една боја – темна индиго.

Цената на пазарот не би требало да изнесува повеќе од 499 долари, што го прави одличен избор за вас доколку не знаевте каков телефон да купите, а не сакате тоа да биде некој од ценовното ниво на Samsung Galaxy или iPhone.