Кинескиот производител Xiaomi повторно изненадува со нови иновации. Последниот новитет од производствениот капацитет на компанијата е досега најголемиот ТВ-уред од серијата Mi TV 4, кој има дијагонална големина од 75 инчи.

Досега кинезите понудија телевизори од истата серија со големини на екрани од 49, 55 и 65 инчи. Новиот телевизор е со впечатлива дебелината од само 11.4 мм. Екранот е со 4K HDR Ultra HD резолуција (3840×2160 пиксели), а аголот на гледање е 178°. Процесорот на новата 75-инчна гордост на кинескиот производител е 64- битен, четиријадрен од типот ARM-A53.

Засега цената на пазарот е околу 1400 долари.