iPhone XR на Apple во текот на 2019 година беше најпродаван модел на паметни телефони во светот, пренесува Business Insider.

Според анализата која е објавена од консултантската куќа Omdia, американскиот технолошки гигант до продавниците доставил 46,3 милиони од својот најевтин модел од претпоследната генерација.

Бројот на испораки се во анализата на можностите на пазарот како најточен показател за побарувачката за електрични уреди.

Apple исто така го произведе и вториот најпродаван модел во светот, iPhone 11, со 37,3 iилиони продадени модели.

Двата уреди се сметаат за телефони на Apple со најдобар однос на цена и квалитет, пренесува Business Insider.

iPhone XR беше објавен во октомври 2018 година, кога чинеше околу 750 долари. Цената падна кон крајот на 2019 година на 600 долари. IPhone 11, е претставен една година подоцна, имаше уште пониска почетна цена од 700 долари.

Третото, четвртото и петтото место на списокот на најпродавани паметни телефони го зазедоа Samsung Galaxy A10, Galaxy A50 и Galaxy A20, со вкупна продажба од околу 74 милиони уреди.