Apple создава нова верзија на алатката за идентификување на лице Face ID во iOS 12. Новата верзија ќе им дозволува на корисниците на iPhone X  да можат да одберат Алтернативен изглед за идентификација на лица.

Покрај континуираното учење како изгледате, идентификацијата на лица може да препознае и алтернативен изглед.

Идентификацијата на отпечаток од прст која ја има кај постарите iPhone уреди, подржува пристап до телефонот да имаат поголем број на луѓе, но идентификацијата на лица е ограничена само на еден корисник.

Новата алатка е дизајнирана да препознава различни изгледи кај една личност.

Сепак, некои независни тестери открија дека алатката може да го отклучи телефонот и на сосема различно лице. Како и да е, апликацијата е далеку од готова и Apple до крајот на годината очекува да ги реши сите сигурносни закани.