Eindhoven University of Technology ги објави плановите за 3D печатење на серија куќи кои ќе бидат ставени на располагање за изнајмување. Како што објавија од холандскиот Универзитеттие ќе треба да изградат пет 3D печатени куќи во текот на следните пет години, а истите ќе бидат ставени на распоолагање за семејства кои ќе сакаат да ги изнајмат.

„Проектот е првиот светски комерцијален проект за домување базиран на 3D бетонско печатење”, велат од Eindhoven University of Technology.

Куќите ќе ги исполнуваат сите модерни барања за комфор, ќе бидат купени и издадвани од компанија за недвижнини. Проект Milestone ќе биде испорачан во партнерство со градската општина, изведувачот Van Wijnen, фирмата за недвижнини Vesteda, производителот на материјали Saint Gobain-Weber Beamix и инженерска компанија Witteveen + Bos.

Првата куќа, која се очекува да биде завршена во 2019 година, ќе биде еднокатен бунгалов со три спални. По неа ќе се градат четири куќи на повеќе нивоа на местото Меерховен, нов регион во Ајндховен кој се наоѓа западно од центарот на градот, во близина на аеродромот.

Според тимот, последната куќа ќе биде целосно испечатена на лице место