По неодамнешното претставување на топ моделот Honor 10, брендот на кинеската компанија Huawei лансираше нов модел на паметен телефон од долниот сегмент.

Уредот наречен Honor 7S го покренува MediaTek MT6739 чипсетот. Телефонот има дисплеј со дијагонала 5,45 инчи, резолуција 1440 x 720p  и однос на страните 18:9.

Honor 7S има 2GB RAM меморија и 16GB интерен простор за складирање податоци. Камерата од задната страна на уредот има сензор од 13MP, додека предната селфи камера од 5MP.

Димензиите на Honor 7S се 146,5 x 70,9 x 8,3 милиметри, а телефонот е тежок 142 грама. Уредот има можност за користење на две картички, а го напојува батерија од 3020mAh. Honor 7S го користи оперативниот систем Android 8.1 Oreo.

Производителот наведува дека телефонот има и посилен звучник, кој овозможува звукот да се слуша подобро во бучно опкружување.

Honor 7S е претставен во Пакистан, каде цената му изнесува околу 125 долари. Се уште нема информации за тоа кога овој уред би можел да биде достапен на останатите пазари.