Криминалци украле околу 1,2 милијарди долари во криптовалути од почетокот на 2007. година до денес, според проценката на работната група против кражба на податоци на Интернет – APWG.

Проценките се дел од истражувањата на оваа непрофитна организација за криптовалутите и ги опфаќаат како пријавените, така и непријавените кражби.

“Криминалците користат криптовалути во нелегални активности како трговија со дрога и перење пари, а сега забележуваме дека почнале да ги крадат и самите криптовалути”, изјави за Ројтерс, претседателот на APWG, Дејв Јеванс.

Според неговата проценка, од наведените 1,2 милијарди долари вратени се само околу 20 отсто или помалку.

Тој исто така смета дека Уредбата за заштита на податоци на интернет (GDPR), која на 25. мај стапи на сила во ЕУ, нема ништо да промени, односно дека ќе ги спречи законодавните тела во пронаоѓање на сајбер криминалците.

“Со ограничување на пристапот до клучните информации, новиот закон значително ќе ги попречи истрагите за сајбер криминал, кражба на криптовалути и идентитет, уценувачки и злонамерен софтвер, измами и присвојување на процесната сила на компјутерите со кои “рударите” ги вадат криптовалутите”, изјави Јеванс.

Иако со примената на GDPR, граѓаните ќе имаат поголема приватност на интернет, истовремено веќе нема да биде толку лесно да се влезе во трага на криминалците.