Четири големи јапонски компании – „Тојота“, „Хонда“, „Нисан“ и “Панасoник“ официјално најавија дека ќе почнат заеднички проект, чија цел е развој на нова генерација батерии за електрични автомобили.
Идејата е да се формира тим од професионалци на четирите компании кои заедно ќе создаваат подобри батерии од типот SSB (Solid-State Battery) за eлектромобилите. Јапонското Министерство за економија се приклучи на инвестицискиот проект вреден 14 милиони долари. За неговата реализација, четирите компании формираа нов конзорциум наречен Libtec ( Battery Technology and Evaluation Center).
Многумина аналитичари ги оценуваат SSB како иднината на електричните автомобили, штo се должи главно на фактот дека овој тип батерии користат електролити кои имаат повисока енергетска густина од литиум-јонските и одржуваат пониска температура. На овој начин, тие се трансформираат во побезбедна алтернатива на сегашните технологии, но и се поевтини за производство.
Крајната цел на Libtec е развој на батерија, која може да овозможи минување до 800 километри со едно полнење. Првиот клучен чекор за постигнување на таа цел е производство на прототип, кој овозможува минување на 550 километри пред да мора да се наполни повторно. Можноста на прототипот ќе биде сериозно достигнување, бидејќи ќе нуди минување на повеќе километри од она што го овозможуваат електричните автомобили.
Поврзани артикли