И покрај тоа што поголемиот број компјутери во светот користат оперативен систем Microsoft Windows на кој е застапен Microsft Edge, истражувањата што ги спроведоа компаниите StatCounter и NetMarketShare покажаа дека најпопуларен интернет-прегледник во светот моментално е Google Chrome. 

Со 60 отсто уддел на пазарот, Chrome убедливо ја држи титулата првак, додека споменатиот Edge има дури 5 отсто учество на пазарот, иако 91 отсто од компјутерите користат Windows.

Иако StatCounter наведува дека Google Chrome има 53,91 отсто од уделите на пазарот, а NetMarketShare тврди дека тој дел изнесува 59,49 проценти, сосема е јасно дека Google Chrome е омилениот пребарувач на најголемиот број корисници на интернет во светот.

Според наводите на NetMarketShare, популарноста на Edge во 2016 година пораснала само за 0,5 отсто, пренесува порталот hothardware.com.

„Chrome“ единствено не доминира во областа на таблет-сметачите – според податоците на StatCounter, омилениот пребарувач на овие уреди е „Safari“ на Apple со 59,2 отсто пазарен удел, додека процентот на Chrome изнесува скромни 24,37 отсто.

Според StatCounter, Safari исто така се наоѓа на второто место по вкупниот пазарен удел со 14,41 отсто од глобалниот удел, но од NetMarketShare истакнуваат дека таа позиција сепак му припаѓа на Internet Explorer (16,84 %).

Овие несогласувања би можеле да бидат резултат на фактот што StatCounter се осврнува на податоците собрани од 2,5 милиони интернет-страници на светот, додека NetMarketShareевалуира само 20.000.