Компанијата Energizer, позната по производство на батерии, официјално престави три паметни телефони, кои беа најавени уште во јануари оваа година. Моделите Power Max се одликуваат со импресивна моќ на батериите, долготрајноста на работата на телефонот, како и одличниот изглед.

Power Max P600S има 6-инчен екран со резолуција 2160х1080 пиксели (18:9), осум јадрен процесор MediaTek Helio P25 со 6 GB RAM меморија и 64 GB внатрешна меморија, двојна камера со 13 и 5 мегапиксели.

Power Max P550S е опремен со 5,5-инчен IPS LCD екран со резолуција од 1280×720 пиксели, процесор MediaTek MT6737, 2 GB и 16 GB внатрешна меморија. Тој има една главна камера со резолуција од 13 мегапиксели и вградена батеријата со 5000 mAh.

Power Max P16K Про е со импресивна батерија со капацитет од 16.000 mAh, со осум јадрен процесор MediaTek Helio P23, 6 GB RAM меморија, внатрешна меморија од 128 GB, двојна главната камера со 16 и 13 мегапиксели и предна камера со сензорите од 13 и 5 мегапиксели