NASA подготвува нова мисија која вклучува испраќање на сонда до Сонцето. Мисијата, исто така, ќе биде посебна, затоа што американската вселенската агенција ќе додаде микрочип со имиња на луѓе кои се пријавиле за програмата Hot Hot Ticket.

Сондата која ќе патува до Сонцето ќе се вика Паркер, и ова ќе биде првата човечка мисија да се стигне до површината на Сонцето што е можно поблиску. Бидејќи ова е историски настан за астрономијата, NASA сака да го сподели со љубителите на оваа наука.

Таа направи посебна страница на која може да се пријават луѓе кои сакаат да го испратат своето име до Сонцето. За потврда дека навистина сакате да бидете дел од имињата во микрочипот на Паркер, треба да ја испратите и вашата e-mail пошта. Среќниците кои ќе добијат место меѓу имињата кои ќе патуваат кон Сонцето, исто така, добиваат симболичен виртуелен сертификат. Крајниот рок за регистрација е 27 април. Според планот на NASA, Паркер ќе полета кон Сонцето на 31 јули.

Според планот, сондата е помине неколку години во орбитата меѓу Венера и Сонцето, додека потоа ќе се обидеда влезе во атмосферата на ѕвездата. Паркер, кој ќе биде со приближна големина на мал автомобил, ќе пристапи до 6,4 милиони километри од површината на Сонцето.