Британската компанија Ролс Ројс денеска соопшти дека ќе бидат потребни дополнителни инвестиции за да се корегираат проблемите со моторите Трент 1000, кои се користат на авионите Боинг 787 Дримлајнер.

Овој проблем може да предизвика дополнителени застои за американската компанија во испораката на патничките летала. Проблемот е во сечилата на авионските турбини, кои се трошат побрзо отколку што беше предвидено со техничките спецификации.

– Жалиме за проблемите што им ги предизвикавме на нашите потрошувачи, изјави директорот на Ролс Ројс, Ворен Ист. Акциите на британската компанија паднаа за 1 процент по објавувањето на веста.