Asus е популарно име помеѓу љубителите на игри со своите атрактивни брендови на гејмерските компјутери Streaks и Republic of Gamers (ROG). Тајванскиот производител потврди дека развива нов паметен телефон кој ќе биде целосно посветен на игри.

Уредот ќе биде во директна конкуренција со производи како Razer Phone или „Xiaomi Black Shark кои се создадени само за игри. Сè уште не знаеме како ќе биде наречен новиот смартфон на Asus, н сигурно ќе биде со логото на ROG.

Ова не е првпат да дознаеме за желбата на компанијата да презентира сличен производ. Asus го најави концептот на технолошкиот саем CES 2018 во јануари, информира. Моќниот хардвер нема да е доволен смартфонот да го привлече вниманието на корисниците и Asus дефинитивно треба да се обиде да им понуди нешто поразлично на гејмерите. Во оваа фаза, премногу рано е да се коментираат техничките карактеристики на уредот кој ќе работи со Android.