Градот Осло им нуди на своите жители по 1200 долари субвенции доколку се одлучат за купување на електричен велосипед. На ваков потег властите се одлучиле поради покаченото ниво на загадување на воздухот, а со цел намалување на зависноста од автомобилите и промовирање на начин на превоз кој не загадува. Идејата е да се купуваат електрични  карго велосипеди кои обезбедуваат и простор за помал товар, главно намирници од пазар и други лични работи кои граѓаните вообичаено ги сместуваат во гепекот од автомобилот.

Со оглед на фактот дека цените на електричните велосипеди се движат од 2500 до 6400 долари, бонусот ќе покрие 25 до 50% од вкупните трошоци.  Норвешка издвои импресивни една милијарда долари за велосипедизмот, вклучувајќи и нови патеки за велосипеди. Во склоп на промоцијата на велосипедизмот и намалување на загадувањето на воздухот, Осло привремено го забрани сообраќајот за дизел возилата, а крајната цел е дизел возилата да се тргнат целосно до 2019 година.