Новите уреди ќе пристигнат со 10-инчни екрани, USB-C и Windows 10 Pro
Microsoft моментно работи на нова генерација на Surface таблет уредите, за да може да се пробие на пазарот кој е преплавен од ниско буџетните таблети на Apple.
Surface таблетите нема да бидат само поевтини, туку и помали. Стандардните 12-инчни екрани се сменети со 10-инчни, a заоблени рабови потсетуваат на iPad. Уредите ќе поседуваат и USB-C порт за полнење.
Но, најважно од се е, што цената ќе му изнесува 400 долари што е значително поблиску до најевтиниот iPad, кој чини 329 долари.
Новиот модел ќе биде за 20 проценти полесен од сегашниот Surface Pro, но намалената тежина ќе придонесе за неколку часа пократко траење на батеријата.
Моќноста на таблет компјутерот останува иста, што значи дека новиот уред ќе работи на целосна верзија на Windows 10 Pro. Исто така, новиот модел ќе нуди и LTE поврзување.
Microsoft, исто така, работи на нова верзија на пенкалце, тастатура и глувче за кои најверојатно ќе се доплаќа.
Најевтината верзија на тековната генерација на Surface Pro изнесува 799 долари, додека основниот 9.7 инчен iPad (кој е значително послаб во перфоманси) може да се најде за цена од 329 долари.
Поврзани артикли