Huawei Nova 4e телефонот ќе биде претставен на 14. март, но некои од спецификациите на уредот се веќе откриени. Уредите ќе ги покренува Kirin 710 чипсет и ќе има варијанта со 4GB или 6GB RAM.

Телефонот ќе користи EMUI 9.0.1 кориснички интерфејс и ќе има 128GB простор за складирање податоци. Од предна страна ќе се наоѓа 6.15-инчен LCD екран со 2312 x 1080p резолуција. Во врвот на дисплејот има засек во облик на капка, во кој е сместена 32 MP камера.

Huawei Nova 4e на глобалните пазари би требало да се појави како P30 Lite, a ќе биде достапен во Magic Night, Bird Blue и Pearl White варијанти. Телефонот ќе има 3340mAh батерија со поддршка за брзо полнење.