И покрај тоа што можеби делува неверојатно, Сонцето во некој момент ќе умре, односно ќе исчезне. Досега, меѓутоа, никој не можеше со сигурност да тврди што може да следува откако тоа ќе се случи…

Тим на научници од Универзитетот во Манчестер спроведе истражување во кое отрија дека еден ден, кога Сонцето ќе ислезне, целиот негов водород во период од пет милијарди години ќе се претвори во огромен блескав прстен сочинет од прав и гас.

Оваа појава астролозите ја нарекуваат планетарна маглина (или планетарна небула). Таа би можела да се прошири се до орбитата на Венера, а можеби и понатаму.

Планетарната маглина би можела да изгледа вака:

Еден од истражувачите, доктор Алберт Зигилстра вели:

“Планетарната маглина е нешто најубаво што може да се забележи на ноќното небо. Убаво е да се знае дека Сонцето еден ден ќе стане нешто толку убаво, дури и ако ние не можеме да уживаме во глетката”.

Маглината ќе биде видлива околу 10 до 20 илјади години, и кога ќе се распадне, од неа ќе настане многу сиров материјал за создавање голем број нови ѕвезди и планети, што звучи како навистина “епски облик на рециклажа”.

Научниците дојдоа до овие заклучоци откако создадоа цела низа компјутерски модели и анализираа колку брзо ѕвездите се во состојба да се загреваат пред да се распаднат”, пишува Independent.

Претходно се веруваше дека Сонцето е премногу мало за да создаде небула, но новите проучувања покажаа дека тоа ќе може да произведе доволно топлина, за на крај, да дојде до тоа.

“Дојдовме до заклучок дека ѕвездите чија маса е 10 отсто помала од масата на Сонцето ќе произведе прозрачна маглина, а ѕвездите со маса и до три пати поголема од сончевата, многу посветла небула”, заклучи доктор Зигилстра.