Доколку овој симптом се воочи навреме, тогаш дијабетесот може да се стави под контрола.

Симптомите на дијабетес тип 2 вклучувааат замор, неконтролирано губење телесна тежина и чувство на жед.

Меѓутоа, докторите дошле до заклучок дека пред сите тие симптоми да се појават се развива еден симптом кој што е најран аларм за појава на дијабетес.

Дијабетес тип 2 е хронична состојба при која панкреасот не може да произведува доволна количина инсулин.

Иако овој процес може да е безопасен, со текот на времето се пореметуваат сите функции на нашето тело. Високото ниво на шеќер во крвта може сериозно да гооштети срцето, очите, но и нашите бубрези.

Клучен чекор во таков случај е раното откривање на проблемот.

Најраниот симптом, како што тврдат докторите, е замаглен вид, кој што со секој нареден ден станува сè посериозен.

Дијабетесот може да предизвика замаглување на видот, но и солзење на очите. Оваа состојба е позната и како дијабетичка ретинопија – резултат е на проблемите со крвните садови околу мрежницата.

Кај поголемиот дел од пациентите овој проблем се развива постепено, а раното откривање и посета на доктор може да го спаси пациентот од посериозни проблеми и целосно губење на видот.

Во окото почнуваат да се создаваат вишок течности кои што го намалуваат фокусот на самото око.

Доколку таквата состојба потрае неколку денови, тогаш време е да посетите и да се консултирате со доктор.

Експертите сепак нагласуваат дека замаглениот вид не е во 100 отсто од случаите кај пациентите причина за дијабетес.

Во секој случај, докторите препорачуваат редовна контрола и следење на сите сигнали кои што ни ги испраќа нашиот организам.

Извор: NovaDanas.com