• Силен раст на европскиот пазар
  • Vivaro-e е европски лидер во својот сегмент
  • Combo и Vivaro-e прогласени за комерцијални возила на годината
  • Комплетно портфолио на комерцијални возила со нула емисии

Opel значително ја зголеми продажбата на своите лесни комерцијални возила низ Европа во првите 11 месеци од 2021 година. Во споредба со истиот период минатата година, продажбата порасна за 12,1 % на околу 100.000 единици. Резултатите кај големите пазари како што се Германија (+ 9,0 %), Обединетото Кралство (+8,1 %), Франција (+25,2 %) и Шпанија (+6,0 %) значително придонесоа за овој развој.

Растот на продажбата на електричниот Vivaro-e од Opel и британскиот бренд Vauxhall помеѓу јануари и октомври е особено задоволителен. Во Европа, Vivaro-e води во сегментот D со удел од 21 %.

Во севкупното рангирање на сите електрифицирани комерцијални возила, комерцијалното возило со средна големина е на убедливо трето место – што се должи на високите продажни бројки во Обединетото Кралство.

Таму, Vivaro-e има пазарен удел од речиси 50 % во сегментот. Во Германија, Opel Vivaro-e го достигна трето место на топ-листата. Побарувачката за единствениот неодамна претставен Combo-e е веќе подеднакво добра.

„Нашите лесни комерцијални возила се одржуваат многу успешно на пазарот и во никој случај не го исцрпиле својот целосен потенцијал“, рече извршниот директор на Opel, Uwe Hochgeschurtz. „Сега кога сите наши LCV – Opel Combo-e, Vivaro-e и Movano-e – се достапни за транспорт и без емисии, со што ќе генерираме дополнителен поттик.”

Лесните комерцијални возила на Opel се високо ценети од клиентите и медиумите. На пример, Opel Combo (2019) и Opel Vivaro-e (2021) беа прогласени за „комерцијално возило на годината“ од меѓународно жири составено од експерти.

Друг голем обожавател на електричните комерцијални возила од Rüsselsheim е планинарската легенда Reinhold Messner, кој ги користи Opel Zafira-e Life и Opel Vivaro-e за редовни патувања без издувни гасови и испораки до неговите планински музеи.

Корисниците на гамата во моментов се особено заинтересирани за нула емисиите кај Vivaro-e. Британскиот бренд на Opel, Vauxhall, веќе има потпишано договори за 3.000 возила на електричниот Vivaro-e со British Gas и за дополнителни 655 возила за услужната компанија Mitie. Во Германија, регистрациите на Combo се зголемија за 27 % во споредба со истиот период минатата година, што е најголем раст во гамата на Opel LCV.

(ПР текст)