Кинеската компанија OnePlus го претстави новиот, долгоочекуван смартфон OnePlus 6. Дизајнот, спецификациите и камерата се повторно во фокус на потрошувачите, но секако и цената која повеќе не е ниска.

Новиот уред поседува респектабилен 6,3-инчен OLED дисплеј со резолуција 2280 x 1080 и формат 19:9. Тука е и контроверзниот засек или заб (notch) на врвот на дисплејот.

OnePlus 6 претставува голем отскок од вообичаениот дизајн, а со цел на следење на трендовите. Новиот телефон е направен од Gorilla 5 стакло и однапред и одзади, со метална рамка помеѓу нив.

Сепак, иако има стаклен заден дел, One Plus 6 не поддржува безжично полнење, што е всушност единствената практична предност на таквиот дизајн. Исто така, OnePlus 6 повторно нема заштита од вода, туку само несертифицирана отпорност на прскање, што би требало да покрие мали незгоди, но и да се осигура фотографирање под вода.

Кога сме кај фотографирањето, OnePlus 6 има двојна камера каде што оваа втората осигурува бокех ефект. Главната камера има оптички стабилизатор и овозможено снимање во 4K резолуција со 60 fps.

Ситниците кои ќе ги користат корисниците се сеуште постоечкиот 3,5-милиметарски влез за слушалки и чист софтвер без тешки маски како кај Huawei или Samsung.

Што се однесува до интерните спецификации, се работи за најдобрата можна конфигурација во 2018. година. Snapdragon 845 процесор, графички чипсет Adreno 630, од 6 до 8 GB RAM и од 64 до 128 GB интерна меморија без опција за додавање на SD картичка. Тука се и Bluetooth 5 и Dash Charge брзото полнење. Батеријата со капацитет 3.300 mAh би требало да биде доволна за покренување на уредот.

Сепак, некогаш познатата ниска цена на OnePlus во однос на спецификациите е се повисока и повисока, па шестката ќе може да се купи за 519 евра за верзијата со 64 GB и 569 евра за верзијата од 128 GB. Цената од 619 евра е резервирана за верзијата со 256 GB. Рака на срце, тоа е се уште поевтино од Samsung S9, iPhone X или Huawei P20 Pro.