На интернет се појавија информации дека идниот Galaxy A10 наводно ќе биде првиот паметен телефон на Samsung, чиј сензор за отпечатоци е сместен под екранот.

Според изворите од самата индустрија, чии информации на Twitter ги пренесува дојавувачот MMDDJ_, се чини дека идниот смартфон на Samsung, Galaxy A10 ќе пристигне со технологијата на сензор за отпечатоци од прсти сместен под дисплејот.

Поточно, тоа би бил прв паметен телефон на јужнокорејската компанија со сензор за отпечатоци од пртси, сместен под екранот, кој ќе претставува едно скалило над неодамна претставениот Galaxy A9 (2018) модел и воедно како линк со премиум Galaxy S серијата паметни телефони.

Освен сензорот за отпечатоци од прсти, ништо друго не е познато за овој мобилен уред, а некои од претходните гласини дури и шпекулираат со можноста Galaxy A10 да добие Snapdragon 845 чип (Galaxy A9 доаѓа со Snapdragon 660, a Galaxy A8s работи на Snapdragon 710). Новиот Galaxy A10 би требало да биде претставен на претстојниот саем MWC 2019.