Иако има дизајн со Инфинити дисплеј, големината на екранот од 6,3 инчи без сомневање го прави Galaxy Note 8 да биде огромен телефон, без оглед на тоа колку Samsung ги намали рамките околу екранот, ги заобли рабовите или креираше подолг однос на страниците.
Поради ова е убаво да се слушне информацијата дека неговиот наследник, Galaxy Note 9 би можел да биде пократок, но со задржување на истата широчина. Скратувањето на горната и долната рамка дополнително ќе ја подобри можности и удобноста на држењето и носењето на телефонот. Се сугерира дека телефонот ќе биде 2 милиметри пократок од претходникот, а иако ова не делува многу, секако ќе им значи на корисниците во текот на секојдневното користење.
Покрај ова, Galaxy Note 9 би требало да има батерија со поголем капацитет. Гласините сугерираат капацитет од 4000 mAh, што е огромен скок во однос на батеријата од 3300 mAh на Note 8 моделот. Ова би можело да доведе до тоа Note 9 да биде подебел, но ова е компромис што ќе мора да се поднесе за телефонот да добие батерија што трае подолго.