Microsoft поднесе барање за патент за магнетен USB-C систем, кој користи магнетна врска и треба да го олесни полнењето на идните Surface таблети (како и за трансфер на податоци). Пријавата за патентот е поднесена до Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) на 23 мај.

На пријавата е прикажан USB-C кабел кој има магнет од двете страни на конекторот. Портот на компјутерот има магнет на двете страни, и тоа треба да му овозможи на кабелот да се поврзе со портот, дури и кога тие се на релативно голема далечина, без никакви надворешни сили, или може да им овозможи да се одделат во еден поширок спектар на надворешни сили (без оштетување на системот).

Бидејиќи USB-C кабелот се одржува со помош на магнети, корисниците нема да требаат на сила да го вметнуваат во портот. Кабелот лесно може да се исклучи преку извлекување од таблетот. Пријавата за патентот не е гаранција дека Microsoft ќе ја користи оваа технологија во идните Surface таблети, но чекор кон таа опција.