Еден од водечките кинески производители на телефони ZTE ги гаси своите глобални операции поради санкциите на владата на САД.

ZTE е втор најголем производител на паметни телефони во Кина, а до минатата година беше четврти смартфон производител во Америка.

Најголем дел од оперативните активности на компанијата се запрени, стоеше во соопштението кое компанијата им го објави на трговците во Хонг Конг

Деловниот модел на компанијата стана неодржлив откако владата на САД, со поддршка на претседателот Доналд Трамп им забрани на американските компании за им извесуваат технологија на кинескиот производител на смартфони.

ZTE во голема мерка зависи од компонентите кои се произведуваат во САД, посебно од Qualcomm чиповите и Android.

Компанијата минатата година призна дека влегла во шема технологијата создадена во САД да ја продава на Иран и Северна Кореја, а тоа доведе до повреда на сакциите според законите во Америка.

ZTE беше принуден да плати пенали од 890 милиони долари.