Американскиот портал „TMZ” пренесува дека Apple е на мета на колективна тужба на семејствата на настраданите во авионска несреќа која се случи пред две години. Летот 804 на компанијата „EgyptAir” се урна во Средоземно море, а 66 луѓе настрадаа во несреќата.

Семејствата на настраданите во тужбата наведуваат дека трагедијата ја предизвикал производ на компанијата Apple, поточно iPhone 6s или iPad Mini во сопственост на копилотот. Уредот, наводно, се прегреал и предизвикал пожар во кокпитот.

Нивната истрага утврдила дека тоа „сигурно” ја предизвикало несреќата, додека официјалната верзија наведува дека пожарот навистина се случил во кокпитот или во негова близина., но не е јасно што го предизвикало. Семејствата ја тужат компанијата од Купертино и бараат астрономска отштета. Apple се уште не се огласил по повод оваа тужба.