Lenovo K12 заедно со K12 Pro моделот во текот на овој месец беше претставен во Кина. Се поставува прашањето дали некои од овие смартфони ќе бидат достапни и на другите пазари – одговорот е потврден во случајот со K12 моделот, но со некои измени.

Додека Lenovo K12 за кинескиот пазар претставува ребрендирана верзија на Moto E7 Plus, K12 за глобалниот пазар ќе биде ребрендиран Moto E7. рендерите на овој телефон сега се појавија, а се очекува дека ќе се појават на пазарите на кои брендот Motorola е попознат од Lenovo брендот.

Со оглед на тоа дека се работи за ребрендиран Moto E7 модел, веќе се познати спецификациите за глобалната верзија на Lenovo K12 телефонот. Тука е 6,5-инчниот 720 x 1600p екран, 48MP главна камера на задната страна, како и 2MP макро сензор, додека од предната страна е сместена 5MP селфи камера.

Уредот го покренува Helio G25 чипсет, во комбинација со 2GB RAM и 32GB простор за складирање, а го напојува 4000mAh батерија со поддршка за 10W полнење. Оперативниот систем е Android 10.