Sony Xperia 1 II телефонот беше најавен во февруари, со ветување дека ќе се најде во продажба во текот на второто тримесечје. Сега официјалниот Twitter профил на шпанската Sony дивизија даде нешто поконкретна временска рамка, а потврдено е дека Xperia 1 II ќе пристигне во Европа подоцна во текот на април.

Се очекува дека Xperia 1 II ќе биде достапен во црна и виолетова варијанта, по малопродажна цена од 1200 евра, за варијантата со 8GB и 256GB простор за складирање податоци.

Телефонот ќе има 6,5-инчен 4K OLED панел, со 21:9 однос на страници. На задната страна се наоѓаат три 12MP камери, додека уредот го покренува премиум Snapdargon 865 чипсет, кој има и поддршка за 5G мрежата од следната генерација.