Аналитичката компанија Canalys ја претстави листата на најпродавани смартфони во третиот квартал од оваа година.

Не е големо изненадување дека на прво и второ место се уреди на Apple.

„Шампион“ во продажба е iPhone 11, со 16 милиони продадени уреди, додека втор по ред е iPhone SE (2020), кој беше продаден во околу 10 милиони примероци. Ова не е толку чудно, имајќи предвид дека е најевтиниот iPhone – чини само 399 долари.

Топ 3 го комплетира Samsung Galaxy A21s, што е „за влакно“ под моделот iPhone SE (2020).

На четвртото и петтото место се исто така телефони на Samsung – Samsung Galaxy A11 и Samsung Galaxy A51.

Xiaomi Redmi Note 9/Redmi10x 4G го заземаат шестото место, Xiaomi Redmi 9 го зазема седмото место, додека Samsung Galaxy A31 е на осмото место според бројот на продадени примероци.

Во првите десет се и Xiaomi Redmi9A, како и Samsung Galaxy A01 Core.

Извор: B92.net