Технологијата од ден во ден станува сè посовремена, а паралелно со тоа и паметните геџети.

Поради тоа сме сведоци на создавање на генијални паметни кациги кои ќе ви овозможат безбедна и возбудлива авантура со вашиот мотоцикл. Ова не е првата смарт кацига која е измислена, но е секако првата која ќе направи да се чувствувате како вистински суперхерој.

CrossHelmet е креација на компанијата Bordeless која максимално се потрудила овој геџет да го направи модерен и технолошки напреден.

Кацигата е креирана така што во себе содржи систем кој е сличен на компјутер или мобилен телефон и кој ќе ви овозможи да ги гледате сите потребни информации на мини дисплејот на вашиот визир.

CrossHelmet ќе ви овозможи да слушате музика, да примате повици, да го следите времето и да ги добиете сите потребни информации за условите на патот. Кацигата е исто така опремена и со HD камера која се наоѓа на задната страна и која ви овозможува во сите моменти да видите што се случува зад вас.

Меѓутоа, постои една работа која можеби ќе ве спречи да го купите CrossHelmet, а тоа е неговата цена. Една ваква кацига изнесува речиси 1600 долари што е навистина висока сума која веројатно ќе можат да си ја приуштат само оние со подлабок џеб.