Huawei тивко го претстави новиот буџетски телефон – Huawei Y6s, кој пристигнува со лиценцираните апликации на Google и сервиси од самиот старт.

Huawei Y6s има 6.09-инчен IPS LCD дисплеј со 1560 x 720p резолуција и 283 PPI густина на пиксели. Телефонот го покренува осмојадрениот Helio P35 чипсет, во комбинација со 3GB RAM и опции помеѓу 32GB или 64GB простор за складирање.

huawei2_225.jpg

Кога се во прашање камерите, телефонот има 13MP (f/1.8) сензор на задната страна, како и предна 8MP (f/2.0) камера. Уредот го напојува 3020mAh батерија, а оперативниот систем е EMUI 9.1 (заснован на Android 9.1).

Huawei Y6s ќе биде достапен во Orchid Blue и Starry Black варијанти, а ќе се продава по цена од околу 137 долари за 3GB + 64GB модел.