Британскиот „О2″, во сопственост на шпанската фирма „Телефоника”, соопшти дека некои корисници имале потешкотии со говорните услуги откако почна работењето од дома со цел да се избегне изложувањето на Ковид-19. Телекомуникацискиот оператор „О2″ набрзо објави дека гласовните услуги на мрежите 2Г, 3Г и 4Г се враќаат во нормала и им се извини на корисниците.

Италија, Шпанија и Австрија воведоа строг карантин, а во Германија се затворени училиштата и рестораните, поради што големиот број граѓани се пријавени на интернет од дома, користат сопствен ВиФи за повици со колегите, пријателите и роднините, а тоа ја зголемува потрошувачката на податоци по пат на фиксните мрежи.

Во исто време, забележани се повеќе повици преку мобилните мрежи отколку преку апликацијата како што е „ВацАп”, бидејќи луѓето разговараат со постарите членови на семејството, кои поретко користат апликации.

Според германкиот телекомуникациски оператор „Водафон” сообраќајот со податоци е поголем навечер, кога граѓаните користат стриминг услуги.