Според безбедносните служби на САД и Велика Британија и вашиот рутер може да стане „војник“ во новата сајбер војна, а вие за тоа воопшто и да не знаете.

Компјутерскиот хардвер за пристап на интернет може да биде искористен за големи сајбер напади од страна на Русија, предупредуваат безбедносните служби од Вашингтон и Лондон. Владите на овие две земји тврдат дека Русија спроведува тајни операции во кои, наводно, внесува malware во интернет рутерите и останата мрежна опрема, кој подоцна може да биде активиран за нивна потреба.

Во соопштението, кое е издадени од Одделението за внатрешна безбедност на САД и британскиот Национален центар за сајбер безбедност, се истакнува дека овие безбедносни агенции се плашат дека мета на напади може да бидат владини и приватни организации како и провајдери на критична инфраструктура и интенрет.

– Потенцијалните жртви се идентификувани низ серија координирани акции помеѓу САД и меѓународните партнери. Двете држави се цврсто уверени дека во своето откритие за споменатата сајбер активност, која се одвива со помош на Русија, а која од 2015 година е потврдна повеќе пати, се вели во соопштението на Компјутерскиот тим за брзо реагирање на САД.