Откако 5G стандардот конечно ги доби своите финални спецификации, произведувачите на мобилни уреди веќе започнаа да планираат и одредуваат датуми за претставување на своите први 5G телефони.

Кинескиот Huawei својот прв 5G смартфон ќе го претстави во втората половина на 2019 година. Оваа информација се појави денес на слајдот прикажан на глобалниот аналитички самит на експери во Шенжен.

Нешто претходно ќе се појави првиот Huawei 5G мобилен хотспот, кој ќе биде поставен во второто тромесечје од наредната година.

И телефонот и хотспотот би требало да користат baseband чипови, развиени од кинеската компанија. Huawei неодамна го претстави модемот Balong 5G01 кој би можел да стане дел од хотспотот.

Имајќи ја во предвид прикажаната временска рамка за идни производи, може да се претпостави дека првиот Huawei 5G смартфон би можел да биде Mate 30, со оглед на тоа дека серијата Mate го следи принципот на именување на P серијата.