Многу корисници на iPhone искусија проблем со дополнителните паметни батериски маски, па Apple одлучи бесплатно да ја изврши нивната замена. Оваа програма на замена се однесува на заштитните маски со батерија произведени помеѓу јануари и октомври 2019. година и тоа за моделите iPhone XS, iPhone XS Max и iPhone XR. Притоа, нема сите куќишта да можат да се заменат бесплатно – тоа се однесува само на примероците кои не се полнат кога ќе се приклучат на полнач, или кои не сакаат да го дополнуваат iPhone уредот на кој се приклучени.

Со оглед дека овие куќишта со полначи чинат околу 130 долари, јасно е дека купувачите кои имале проблеми во најмала рака се разочарани или бесни. Apple нагласува дека на корисниците на ниту еден начин не им е загрозена безбедноста, како и дека ќе бидат покриени идните проблеми со овие маски. Имено, компанијата најави дека програмата ќе трае додека има потреба, односно корисниците ќе можат да ги заменат се додека неисправните куќишта имаат помалку од две години од моментот на купување.