Основачот на Tesla Motors и SpaceX, Илон Маск е решен да го истражи Сончевиот систем и да оствари патување до Марс. Тој се обидува да го унапреди светот со помош на технологијата, без разлика на пречките со кои се среќава. Во моментов е при крај со изградбата на огромна соларна батерија која снабдува со струја добар дел од Австралија, каде што имаа проблеми со електричната енегергија.

Сепак и покрај неговата храброст за експериментирање, тој не сака инвестиции во вештачката интелегенција. Маск е исплашен дека таа е поопасна дури и од нуклеарното оружје. Основачот на SpaceX се појавува но новиот документарец на Крис Пејн, „Do you trust this computer?“, филм во кој што се истражуваат потенцијалните опасности кои вештачката интелегенција би го донела.

Маск инсистира дека секој вид на вештачка интелигенција кој би го создала некоја влада, автоматски би станал „бесмртен диктатор од кој никогаш не можете да побегнете“.

„Тоа е многу важна тема. Ќе влијае на нашите животи на начин на кој моментално не можеме ниту да си го замислиме“, вели тој.