Федералната воздухопловна администрација на САД (ФАА), заклучи дека таканаречените автопилоти, автоматски системи за управување со патнички авиони, придонеле кон намалување на практиките и навиките на пилотите, а со тоа и деградација на нивните вештини на управување со леталата.

– Зголемената употреба на автопилоти можеби ја подобри општата безбедност, но тоа придонесе намалени вештини во контролата на летачките патеки со рачна контрола на летот, се вели во извештај на управата објавен неодамна.

Според ФАА, од 2009 до 2016 година 96 отсто од причините на сите воздуши инциденти се грешки на пилотите за време на мануелно пилотирање.

Се истакнува дека во оваа статистика не се вклучени ненадејните катастрофи, како расипана конструкција или терористички напад.

– Кога автоматиката прекинува со работа како што е предвидено, пилотите без доволно искуство со рачно управување на авионот и без потребна подготовка можат да се збунат и да покажат недоволно подготвеност за да ја обноват контролата над авионот, се вели во извештајот.

Од ФАА, исто така, истакнаа дека авиокомпаниите имаат различни тренинг програми за подготовка и многу пилоти не ја поминуваат потребната обука.

Администрацијата ги повика авиокомпаниите во сите земји да воведат обврзна обука на пилоти со поминување на низа маневри на целосни авиосимулатори, како полетување и спуштање на авионот, лет на мали растојанија, обнова на положбата на авионот по слетување со отскоци, обновување на стабилноста по непредвидено отстранување или обнова на положбата на авионот во воздух, или пак обнова по нагло губење на висината.