Директорот на компанијата Tesla, Елон Маск најави излегување на Model 3 со двоен мотор, кој се очекува да се појави во јули

Маск на Твитер добил прашање кога ќе пристигне Model 3 со погон на сите четири тркала, на што одговори дека прво мора да се постигне целта од производство на 5 илјади единици на Model 3 неделно, пред да се разгледа опцијата за “додавање на сложени системи кои можат да го забават производството”.

https://twitter.com/bvledford/status/982848337673179136?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fautomobili%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2018%26mm%3D04%26nav_id%3D1378899

Како и системите со двоен мотор во Model S и Model X, и овој Model 3 би овозможил подобра автономија во возењето и поголемо забрзување со оглед на погонот на двете осовини.

Аналитичарите се убедени дека потрошувачите нема да размислуваат за тоа да платат повеќе од 50 илјади долари за добро опремен Model 3 со двоен мотор.

Американскиот произведувач на електрични автомобили и понатаму се бори да ги достигне одамна неуспешните цели од производството на својот седан, кој чини 35 илјади долари.

Tesla најави производство на 200 илјади возила оваа година, така што новите купувачи веќе нема да бидат квалификувани за кредит од владата од 7.500 долари, што ќе го направи Model 3 значајно поскап.