Најновиот патент открива дека идните iPhone модели конечно би можеле да добијат LED светло за известувања од одреден вид, а ова истовремено би било имплементирано и во логото на Apple.

Патентот споменува транспарентен слој на задната страна на телефонот, со подесувачка декорација, која го прекрива провидниот слој и го менува изгледот на светлината која допира од логото. Тука се и контролните кола, кои можат да го прилагодуваат изгледот во зависност од функциите (повик или пропуштено известување и слично).

Ќе биде интересно да се види дали опцијата на осветлено LED лого повторно ќе биде имплементирана, откако своевремено беше исфрлена од MacBook компјутерите. Секако, бидејќи во прашање е само патент, не постои гаранција дека решението од патентот ќе биде имплементирано и во идните iPhone уреди.