OLED телевизорите меѓу љубителите на технологијата се познати како софистицирани уреди кои што ја репродуцираат најдобрата слика со бесконечен контраст и проширен спектар на бои.

Овие телевизори редовно ги следи софистицираниот дизајн, но моделот LG OLED W7 кој што има дебелина од само 2,57мм кај 65-инчната верзија дефинитивно поставува нови стандарди кога е во прашање естетиката кај телевизорите. Ова е моментално најтенкиот телевизор на пазарот кој што е потенок и од паметен телефон и изгледа како да лебди во воздухот.

Имено, OLED панелот се поставува директно на ѕидот со помош на магнетните плочи со што практично целосно се губи просторот помеѓу телевизорот и ѕидот, па имаме чувство дека станува збор за уметничка слика закачена на ѕидот или пак огледало.

Дизајнерите на LG OLED W7 телевизорот ја следеле филозофијата – помалку е повеќе. Поради тоа телевизорот пристигнува со одвоени звучници, па така звучниците Dolby AtmosTM го испраќаат звукот кон горе и служат за сместување на останатите хардверски компоненти на телевизорот.

Телевизорот LG OLED W7, меѓу другото има и поддршка за 4К резолуција и различни HDR формати. Најновата верзија на Smart TV платформата на LG – webOS 3.5 на гледачите им овозможува едноставен пристап до HDR содржини на стриминг сервисите како што се Нетфликс и Амазон.