Компанијата HTC се подготвува да го промовира ноиот предводник на новата генерација со двојна камера и моќен процесор. Станува збор за моделот U12+ за кој уште вчера на интернет мрежата се појавија и првите информации од тајвански извори.

На Twitter беше објавено во кои бои ќе излезе очекуваниот модел. Ако може да му се верува на твитерџијата кој веќе неколку пати објави слични информации, се чини дека смартфонот ќе биде достапен во црна, розево црвена, виолетова и можеби највозбуливата од сите – проѕирна варијанта.

HTC веќе еднаш го лансираше проѕорниот телефон HTC U11 Plus кој беше полупроѕирно црн, но не е јасно која боја ќе биде проѕирна за HTC U12 Plus. Тоа влева доверба дека гласината на Роланд Квант би можела да биде точна.

 

Новиот модел на HTC ќе се појави во две верзии со 64 и 128 GB меморија. Цената на првата верзија ќе биде околу 769 долари, а втората ќе се уди за околу 835 долари.

Западните и европските изданија веќе почнаа да прават паралели со моделот Galaxy S9 на Samsung, но дополнителни информации ќе се очекуваат деновиве.

Исто така, датумот на промоција на новите паметни телефони на HTC ќе биде 1 јуни. Интересно е што една недела претходно, HTC ќе го лансира и моделот U12. И двата телефони ќе бидат со процесор Snapdragon 845.