Компанијата Apple наводно работи на iPhone кој ќе има закривен екран и ќе поддржува контрола со гестови, објави Bloomberg.
Според информациите кои ги доби Bloomberg од лица блиски до компанијата, Apple моментално работи на развој на сезонор кој ќе овозможува управување на смартфонот со помош на гестови, како и технологија на закривен екран.
Управувањето со гестови би можело во скоро време да биде имплементирано во екраните на iPhone. Тоа значи дека корисниците би можеле да „допираат“ по екранот и да даваат наредби на телефонот без воопшто да го допираат екранот. Па така екранот чувствителен на допир би можел да се претвори во екран чувствителен на движење на гестови над него. Наместо детектирање на силата на притискање на екранот, новиот сензор би реагирал на одалеченоста на прстот од екранот и тој податок би го претворал во наредба.
Доколку се одлучи Apple да продолжи со развојот на оваа технологија, таа би можела да се најде во уредите за најмалку две до три години. Ако ништо друго, оваа технологија би можела да го бројот на дамки кои секојдневно се оставаат на екранот.
За имплементација на оваа технологија би се користеле сензори слични на оние на камерите TrueDepth кој денеска служат за Face ID (препознавање на лицето на корисникот).
Во исто време во Apple работат и на развој на закривен OLED екран. Според истиот извор компанијата смета дека можноста за изработка на ваков вид екран закривеноста би се протегала по целата негова должина – па сечини дека некои модели на iPhone во иднина би можеле да потсетуваат на „бананата“ на Nokiа.
Поврзани артикли