На кинеската социјална мрежа Weibo се појавија први рендери на очекуваниот нов предводник на Xiaomi, моделот Mi 7.

Како што е познато, компанијата само пред неколку дена го претстави моделот Mi MIX 2S, а очекувањата се во втората половина на година да го видиме и Mi 7.

Рендерите треба да се прифатат со доза внимателност, бидејќи не е исклучено да се дело на некој корисник и веројатно не го отсликуваат финалниот изглед на уредот, но сепак даваат некаква идеја каков дизајн да очекуваме.

Првото што паѓа во очи е присуството на исечен дисплеј – ова веќе беше потврдено од XDA Developers кои успеаја да го разгледаат софтверот за уредот. На крајот стана јасно дека Xiaomi ќе ја следи актуелниот тренд, што се шири масовно по премиерата на iPhone X.

Освен тоа, на сликите не се гледа сензорот за отпечатоци. Тоа значи дека тој или е сместен во копчето за вклучување или пак Кинезите одлучиле да биде вграден во дисплејот.