Microsoft изгледа планира да ги редизајнира и Windows 10 иконите заедно со новиот дизајн на иконите од Office пакетот. Софтверскиот гигант во текот на минатата недела објави редизајн на иконите за Office 365, а покрај ова навести дека разгледува и некои измени во Windows.

Од компанијата истакаа дека напорите за промена на изгледот на иконите во Office е само почеток на напорите на компанијата, сите икони на своите сервиси да ги прилагоди во ист дизајнерски стил. Објавен е и тизер како би можел да биде ажуриран Windows 10, а ова вклучува концепт фотографии со модерни икони за photos, news, mail и другите апликации.

Windows 10 во некои делови од оперативниот систем има икони, кои постојат веќе повеќе од 10 години. Овие постари икони делуваат прилично надвор од контекст, и покрај напорите на Microsoft да го модернизира дизајнот на Windows.

Компанијата во последните неколку години, повеќе пати имплементираше промена на дизајнот, но сега се фокусира на единствениот дизајн на иконите на сите платформи.