Информациите велат дека јужнокорејската компанија ќе се фокусира на наследникот на Pixel, кој го носи кодното име Taimen

Најновите протечени информации сугерираат дека Google би можел да го отфрли развојот на наследникот на Pixel XL, и дека компанијата ќе се фокусира на наследникот на Pixel, кој го носи кодното име Taimen. Се верува дека LG би можел да биде производител на Taimen уредите. Компанијата во минатото за Google ги произведе Nexus 4 и Nexus 5X моделите.

Доколку се точни гласините, ова би можело да значи дека Google продолжува со ротација помеѓу различните производители за својата Pixel линија. Минатогодишните Pixel и Pixel XL модели ги произведе HTC.

Според информациите, Google ова година би требало да објави два нови Pixel модела. Помалиот модел, со кодно име Walleye, ќе биде директен наследник на минатогодишниот Pixel и ќе има 5-инчен екран. Taimen моделот ќе биде поголем од минатогодишната Pixel XL верзија, а се очекува 18.5:9 формат како кај LG G6 и Galaxy S8 телефоните.

ИЗВОР: PhoneArena